1040 hPa
80 %
-1 °C
Скопје - Пет, 17.01.2025 07:59
Адриана Барман во својата необична енциклопедија на животинскиот свет групира животни според нивните карактеристики. Кај неа нема да ги видиме вообичаените поделби на предатори и тревојади, цицачи и риби; овде поделбата е претставена според уникатни критериуми: „згодна сина“, „најдобри џемпери“, „шампиони во нуркање“, „им треба заштита“, „најпаметни“, „посветени едни на други“ итн.
Барман воопшто не се труди да биде реалистична и не им претставува на читателите обоени примероци на ботанички и зоолошки илустрации. Нејзината книга е направена на комичен, игрив начин. Животните се исполнети со емоции и индивидуалност, претставени се во гротескни форми, со многу светли и констрастни бои, често наспроти еднакви декоративни заднини со богати детали.
Извор: Fairyroom