Вето

11.12.2020 11:01
Вето

Латинизмот „вето“ е термин со кој се означува правото на поединец или држава да го спречи влегувањето во сила на определена одлука. По потекло „вето“ е прво лице еднина сегашно време од латинскиот глагол veto „забранувам“. Кога ќе го изговорите зборот „вето“ вие, всушност, на латински велите „забранувам“.

Правото на вето е првпат востановено во Стариот Рим, во времето кога народните трибуни, чија основна функција била да ги штитат плебејците од самоволието на патрикиите, се стекнале со законско право да го спречат влегувањето во сила на одлуките на народното собрание, сенатот и на одделни магистрати. Ова законско право, познато како ius intercessionis, значело дека секој народен трибун може да го спречи влегувањето во сила на одлуките што не се во интерес на плебејците со извикот: Veto! „Забранувам!“.

Извор: ΑΡΓΩ

 

Слични содржини

Историја
Историја
Историја
Историја
Историја
Историја
Историја
Култура / Историја

ОкоБоли главаВицФото