1025 hPa
62 %
10 °C
Скопје - Вто, 12.11.2024 14:56
Се разбудив рано утринава и од креветот се загледав долж Каналот, па видов едно бротче, пловеше низ разнишаната вода, светеше само едно запалено светленце.
Се сетив на пријателот кој на времето викаше по својата мртва жена од врвот на едни ридишта околу Перуџа.
Со години откако ја немаше тој на маса ставаше чинија за неа. И ги отвораше прозорците за да ѝ проветри.
Ми правеше незгодно со таквите сцени.
И на другите пријатели им правеше.
Не можев да разберам.
Сè до утринава.
Препев: Магда Ориѓанска