Конкурс за куса-куса критика

14.12.2020 11:34
Конкурс за куса-куса критика

 
Малиот новогодишен саем на книги објавува конкурс за куса-куса книжевна критика.

Критиките треба да се состојат од 100 зборови.

Кусите критики треба да се однесуваат на изданија од домашни издавачки куќи, без разлика на авторството или жанрот.

Целта на конкурсот е промовирање на домашната книжевна продукција и поттикнување на книжевната критика како важен креативен процес.

Петте најдобри критичар(к)и ќе бидат наградени со книги во вредност од 1000 мкд од издавачките куќи-учесници на саемот, кои ќе може да ги подигнат од Малиот новогодишен саем на книга помеѓу 24 и 27 декември.

Најдобрите критики ќе бидат објавени на Окно.

Рокот за испраќање на критиките е 21 декември, понеделник, на мејл: novogodisen.saem.na.knigi@gmail.com со назнака „За коннкурс за куса-куса-критика“.


Малиот новогодишен саем на книги ќе се одржи во Градски парк-Скопје, и ќе обедини девет домашни издавачки куќи: Темплум, Бегемот, Или-или, Сказнувалка, Слово, Гаврош, ПНВ Публикации, Бункер и Чудна шума. 
Дополнително, изданијата ќе бидат достапни и за достава почнувајќи од 21 декември, до сите градови во Македонија.