Се отвора изложбата „Сета љубов“ во МСУ со светски познати уметници

14.12.2020 12:59
Се отвора изложбата „Сета љубов“ во МСУ со светски познати   уметници

Од утре, 15 декември во 16 часот, па се до февруари следната година, во Музејот насовремената уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Сета љубов (All the Love)“.Кураторки на поставката се Мира Гаќина и Јованка Попова.

Музејот е отворен од 10 часот за посетители секој ден, освен понеделник, но порадиспецифичноста на изложените дела, кураторките сугерираат дека поставката е најдобро дасе погледне меѓу 16 и 20 часот, освен недела кога музејот работи до 13 часот. Поставката ќе се одвива според протоколите пропишани за организација на јавни настаниво услови на пандемија.Во рамки на изложбата со свои дела, уметнички инсталации и видеа, ќе се претстават 11уметници од земјава и светски признаени автори, кои денес изложуваат во сите водечкиуметнички центри низ светот како Тејт, Бобур, Гугенхајм, Мома Њујорк...Ќе бидат претставени дела од Кети Чукров (Русија), Хедер Дјуи Хагборг (САД), КокоФуско (Куба), Карлос Мота (Колумбија), Ширин Нешат (Иран), Агњешка Полска(Полска), Рена Редл и Владан Јеремиќ (Србија), Нора Турато (Хрватска) како и македонските уметници Велимир Жерновски и Никола Узуновски.

Инсталација „Сакај ја иднината“, Никола Узуновски

„Една од целите на МСУ Скопје е активно да соработува и изложува автори кои денесможат да се видат во сите водечки уметнички центри низ светот и кои се предводници наактуелната уметничка сцена по прашања кои отвораат ангажирани тематики. Темата накоја се фокусиравме е особено важна затоа што е поврзана со денешните состојби нанесигурност и истовремено бара начини преку различни уметнички медиуми да нè воведево доживувањето на различното, односно нè насочува кон идејата дека светот може да седоживее од аголот на разновидноста, од перспективата на другиот. Дискурсот за љубовта,почнувајќи од авангардната и радикална политика од минатиот век, е во центарот наполитичките и социјалните промени поттикнати од женските права, правата на ЛГБТзаедницата, различните начини на борби на граѓанското општество. Оттука изложбата сефокусира на дела кои ја манифестираат нејзината способност да се пробие низ најсилните спротивставувања и радикалните поделби“, вели кураторскиот тим.

Инсталација, „Lovesick“, Heather Dewey Harborg

Изложбата „Сета љубов“ ги анализира состојбите на единство и солидарност во локалниоти глобалниот капиталистички контекст. Целта на изложбата е низ анализа на конкретниуметнички практики, да ги истражи етиката, естетиката и политиката на љубов какорадикализам. Поаѓајќи од идејата дека капитализмот неизбежно наметнува потреба од фокусирање насебството (идентитетот), изложбата ги покренува прашањата за можностите на светсоздаден и доживеан од перспектива на разликите, а не од перспектива на идентитетот. Оддруга страна, додека љубовта се определува преку двојството, политиката се манифестира преку колективното. Следејќи ја дефиницијата според која политиката еколективна, единствениот начин да се воспостави значајна врска меѓу политиката и љубовта е да серазмисли за тоа како заедничкиот поредок ќе ја преиспита љубовта и ќе овозможи таа дасе создава на нови начини што капитализмот ги оневозможува. Оттука, изложбата покренува прашања во врска со можните изводливи и позитивни алтернативи на дејствување од доменот на заедничкото, на теренот помеѓу политичкото и приватното, со нови видови организации, структури и заедници.

Изложбата е финансиски поддржана од Министерството за култура и Еуролинк осигурување. Дизајн на постер: Илијана Петрушевска. 

Инсталација, „Lovesick“, Heather Dewey Harborg