
Кога ме напушти
го пуштив песов да душка
по градиве и по папоков. Ќе си го наполни носот
и ќе замине да те бара.
Се надевам дека ќе му ги скине
мадињата на твојот љубовник и дека ќе му го одгризе курот
или барем
меѓу забите ќе ми ги донесе твоите хулахопки.
Превод: Зоран Анчевски