1016 hPa
83 %
18 °C
Скопје - Пет, 12.06.2026 02:59

Имаше еден сосема јасен победник на изборниот ден во Соединетите држави. Каде и да беа дрогите дел од предизборната кампања, доживеаја убедлива победа на гласачките ливчиња.
Њу Џерси, Јужна Дакота, Монтана и Аризона се придружија во друштвото на 11 други сојузни држави во САД кои го легализираа користењето на марихуаната за рекреативни цели. Мисисипи и Јужна Дакота ја легализираа и медицинската марихуана, што значи дека сега има 35 држави во кои се употребата не е кривично дело. Вашингтон гласаше за декриминализација на псилоцибинот, органско активно соединение во психоделичните печурки. Орегон одобри две иницијативи во врска со дрогата. Според првата, декриминилизирано е поседувањето на мали количини на нелегалните дроги, вклучувајќи ги хероинот, кокаинот и метаамфетамините. Втората иницијатива го авторизирање формирањето на програма за доделување дозволи на производителите на псилоцибин.
Овие избори претставуваа победа за три фактори кои се борат за реформи: сè помоќната индустрија на канабисот; владите на одделни држави кои се соочуваат со недостиг на средства во буџетот; и застапниците на реформи, кои веќе со децении истакнуваат дека притворот и затворот заради обвинение за поседување или уживање дрога ги уништува животите и заедниците.
Декриминиализацијата барем делумно е популарна бидејќи Американците веруваат дека едноставно има премногу луѓе во затворите, но и затоа што оние кои се лично погодени од кризата на опијатите, тоа го гледаат пред сè, како проблем на јавното здравство.
Џон Бенер, поранешен претседавач на Претставничкиот дом, некогаш бил силен противник на легализацијата на марихуаната. Но сега е на чело на лобистичката група „Национална тркалезна маса за канабис“. Тој вели: „Кога канабисот е на гласачкото ливче – тој победува. Наспроти овие длабоки партиски поделби, луѓето со различни убедувања се согласуваат околу канабисот“. Истото го мислат и бизнисмените.
„Ова веќе не е работа на некои хипици. Ова е голем бизнис, во него се вртат милијарди долари“, вели Мартин Ли, историчар кој ги проучува дрогите.
.jpg)
Касандра Фреферик, извршна директорка на Алијансата за политики за дрогата, која се застапува за реформа на кривичниот систем, усвојувањето на овие мерки ги нарече „јасен мандат дека е време да се оконча војната против дрогата и дека декреминализацијата е политички исплатлива“.
Во 1969 година, две години пред започнувањето на војната против дрогата, 84 отсто од Американците сметале дека марихуаната треба да биде надвор од законот, наведува „Pew Research Center“. До 2019 година, според податоците од истражувањата на овој центар, 91 отсто од Американците ја поддржувало легализацијата на марихуаната и за медицинска употреба и за рекреативна употреба, или пак само со дозвола од лекар.
Претседателот Ричард Никсон ја започна војната против дрогата, но таа се распламти во времето на администрацијата на Роналд Реган. За Ненси Реган приоритет беше кампањата против дрогата, која ја започна додека нејзиниот сопруг потпишуваше сè построги мерки, помеѓу другото, во нивното донесување и осмислување учествувал и тогашниот сенатор – Џозеф Бајден, кој гласал за новите закони.
„Сакаме да ни помогнете да ја засилиме нетолеранцијата за користење на дроги“, рече Ненеси Реган во 1986 година. На сите телевизиски канали, на сите радио станици имаше голем број иницијативи против дрогата. Кампањата почна со реклама во која еден човек прави кајгана а над него се појавува натпис: „Ова е вашиот мозок на дроги“. Тоа беше во 1987 година и рекламата нон – стоп се емитувала на телевизиите. Маскоти, обично некои симпатични животни, почнаа децата да ги предупредуваат за опасносата од дрогата. Во 1986 година, Конгресот изгласа тешки затворски казни за крек, кој главно го користеле црните Американци. Во 1989 година, 64 отсто Американци кажале дека злоупотребата на дрогата е најсериозниот проблем со кој се соочува нацијата.
„Основната задача во легализацијата на марихуаната на почетокот беше да се промени нејзиниот имиџ, од дрога за повремена употреба до лек“, вели Мајкл Полан, автор на книгата „Како да се премислите“, која се занимава со историјата на психоделијата. „Кога тоа ќе успеете да го сторите, отворен е патот кон легализацијата“, вели тој.
Адам Ајдингер кој ја предложи легализацијата на марихуаната во Вашингтон и кој беше благајник во кампањата за декриминализација на псилоцибинот, следната година има намера да покрене иницијатива за декриминализирање на поседувањето на сите контролирани супстанци во Вашингтон.
.jpg)
Извор: The New York Times