Југославија во 1972 вакцинирала 18 милиони луѓе од големи сипаници за неколку недели

15.12.2020 16:12
Југославија во 1972 вакцинирала 18 000 луѓе од големи сипаници за неколку недели

 
Епидемијата на сипаници завршила со вкупно 175 заразени и 35 починати во Југославија. Само неколку недели биле потребни за здравствените работници да вакцинираат 18 милиони луѓе.

Тоа било последната епидемија во последниот половина век на ова подрачје пред појавата на корона вирусот. Била смртоносна и потешка од корона, но со една клучна разлика – заболените биле најзаразни по појавата на првите симптоми, па заразените полесно биле детектирани и контролирани.

Освен тоа, ги објавувале имиња на заразените, како и личните податоци на оние кои бегале од карантин. Во 1972 година, Вечерњи лист секојдневно објавувал најнови податоци за епидемијата па така во бројот од 23 март 1972 е наведено: „Започна вакцинацијата“ а веќе на 4 април насловот бил „За неколку дена сипаниците ќе бидат совладани“. И биле.


Само една недела подоцна веќе немало нови жаришта на болеста па била укината „тоталната здравствена мобилност“а на 12 април медиуите наведувале дека сипаниците се повлекуваат. Но во однос на денешното расположение на нацијата околу вакцинацијата, во времето на Тито не било опција да се каже „не“ на доброволното вакцинирање. Лекарите кои останале без инекции ги вакцинирале пациентите со грамофонски игли потопени во вакцина.

Епидемијата на сипаници била заклучена со вкупно 175 заразени и 35 починати во Југославија. Последниот преживеан пациент ја напуштил болницата на 19 мај 1972. Додека траела заразата, не можело да се патува преку граница без т.н. жолт картон. „Вакцинирањето е бесплатно за сите граѓани без разлика, единствено се наплатува меѓународен жолт сертификат, и тоа 5 динари по примерок“, стои во Вечерњи лист од 2 април 1972.

Сипаниците зад себе оставиле 35 жртви во Југославија. Денес, вакцината за корона се’ уште не е во производство, а многумина наспроти сите научни податоци, бројот на заразени, на тешко заболени и на починати, ја одбиваат и помислата да се вакцнираат, а што е уште позагрижувачки – короната ја споредуваат со вирози и настинки.


Инаку, првиот случај на големи сипаници бил забележан во селото Дамјане кај Ѓаковица. Мислиманскиот aџија од Призрен, Ибрахим Хоти, по враќањето од Иран го донел вирусот во Југославија. Слабоста и уморот што ги чувствувал ги припишувал на патувањето, за потоа со денови да има грозница и благ осип. Преживеал благ облик на вариола вера, но ненамерно почнал да ја шири заразата.

Во првите денови епидемијата била криена, но по објавата дека има смртоносен вирус движењето на луѓето било ограничено, воспоставиле карантини, а масовното вакцинирање било организирано во најкраток рок. Потоа ги мачеле слични проблеми како нас денес. Вечерњи лист пишувал на 19 април: „Подобро епидемија отколку празен џеб“. Вакцинацијата го спречила ширењето на сипаници во Хрватска, но во средината на април главното прашање било „како да се покријат големите трошоци што ги имала здравствената служба во вонредната ситуација, кога се дежурало од утро до мрак без работно време“.

Во поранешна Југославија се издвојувале пари за „ризици“ како пандемија, но експертите тогаш заклучувале: „Надоместок добиваат и заедниците во кои семејството на осигуреникот е поголемо од републичкиот просек. Ако во некоја заедница има повеќе жени, и тоа претставува ризик.“, пишувал Вечерњи лист на 18 април.

Големите сипаници се многу заразна болест предизвикана од вирусот вариола, а смртноста е и до 30%. По инфекцијата се појавуваат тешки општи сипмтоми и карактеристичен осип. Инкубацијата на големи сипаници изнесува 10-12 дена. Болеста е најзаразна во првата недела по појавата на осип. Се појавува и главоболка, болки во грбот и изразита слабост, осип на слузницата, на лицето и на рацете, а брзо се проширува и на трупот и на нозете. Смртта кај големите сипаници обично настапува во втората недела од болеста. 

Извор: 24 satа

Слични содржини

Општество / Наука / Историја
Општество / Балкан / Спорт / Историја
Општество / Балкан / Историја
Општество / Историја

ОкоБоли главаВицФото