Смртта има коса од морска трева

16.12.2020 12:26

во последно време
често помислувам дека ќе умрам
набргу. тивко. затоа на сите им велам
дека ќе живеам барем уште педесет години.
слатки измами кои никого нема да повредат.
во последно време
често помислувам дали да си ја исечам
косата. одеднаш. често се гледам во сандак
со мека постава со боја на течно старо злато.
па помислувам дали на милите ќе им бидам убав мртовец.
затоа ножиците ги чувам
што подалеку од дофат, уште подалеку
од мислите. кога веќе ќе умирам, нека ме таков:
со коса, со брада, како симнат од икона. или како
тукушто тргнат од шанк. навистина, нема голема разлика.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото