Онлајн предавање за слободата во услови на пандемија во организација на МСУ

16.12.2020 16:21
Онлајн предавање за слободата во услови на пандемија во организација на МСУ

Музејот на современата уметност - Скопје во рамките на Интердисциплинарната програма продложува со циклусот онлајн предавања под наслов „Без/редие во светот на уметноста“.

Во четврток, 17 декември во 18, 30 часот заедничко предавање ќе одржат Џеф Диаманти и Зејнеб Огуз насловено ‘Против слободата; Личности и нешта во пандемијата'.

Џеф Диаманти e професор по хуманистички науки и животната срединa на „University of Amsterdam“, додека Зејнеб Огуз работи како истражувач на одделот по Антропологија на „Northwestern University“ во САД.

Предавањето ќе се фокусира на политичките, економските и културните основи на индивидуалната слобода, преиспитувајќи како во состојба на ‘вонредност’ и пандемија се разоткриваат кревките поврзаности на доминантните идеологии и секојдневните неправди, нееднаквости и угнетувања.

Автор на проектот Без/редие во светот на уметноста е Тихомир Топузовски.

 

ОкоБоли главаВицФото