За некои луѓе светот се отвори виртуелно

19.12.2020 01:50
За некои луѓе светот се отвори виртуелно

Во април, годинава, Марија Сотникова присуствуваше на својот прв седер: виртуелна вечер оргнизирана преку Webex, апликацијата за видео-конференции. Иако има многу пријатели Евреи, никогаш порано не ја канеле да учествува во ритуалот за Пасха. Сотникова има 33 години и работи како експерт за податоци во Атланта, Џорџија, користи електрична количка. Со години луѓето признавале дека ја исклучувале од разни собири бидејќи претпоставувале, делумно неточно, дека таа не може да дојде.

„Се чувствував како да присуствувам на нешто на кое одамна требаше да бидам поканета но не бев зашто толку малку домови се приспособени за пристап на луѓе во количка“, вели таа.

Од март, кога пандемијата на коронавирусот го ограничи јавниот живот, Сотникова имала многу повеќе прилики да се дружи: домашните журки, професионалните конференции, состаноците на активисти, часовите по импровизирана глума одеднаш ѝ станаа достапни – преку екранот.

„Во еден момент, луѓето кои немаат посебни потреби одлучија дека таквите работи се незамисливи. А потоа станаа многу замисливи заради насушна потреба“, вели Ејми Хамраје, професорка и инвалид; таа ја води Лабораторијата за дизајн на Универзитетот Вандербилт во Тенеси, каде се осмислува мултидисциплинарен дизајн за луѓето со посебни потреби.

Многу луѓе кои немаат посебни потреби велат дека виртуелното дружење ги исцрпува, или дека главниот впечаток им е разочарувањето. Но за некои од 61 милион Американци со инвалидитет, тоа е можност да работат, да учат и да се дружат од својот дом и претставува неочекувано ширење на можностите.

Луѓето со инвалидитет со децении наназад бараа начини да учествуваат од далечина, вели професорката Хамраје. Тоа посебно се однесува на работните места и школувањето. Многу од нив беа одбивани, а изговорите главно беа недостиг на време и цената на имплентирањето.

Но овие денови, она што може да се прави од дома – се прави од дома. Многумина се надеваат дека некои од овие работи ќе продолжат да живеат и по пандемијата, дека ќе дојде до создавање на некој хибриден модел во кој физичкиот и виртуелниот пристап ќе биде универзален.

Кариса Баро (35) која живее во Лос Анџелес, имала активен друштвен живот, посетувала барови, концерти, клубови. Се разбира, пред пандемијата. Но таа е во количка и секогаш имала проблем со логистиката. Честопати проблем биле тоалетите, во локалите кадешто можела да влезе, не можела да ги користи тоалетите што значи дека не можела да остане до подоцна. Затоа не успевала да отиде во еден клуб кој еднаш неделно организирал готик вечер и кадешто многу сакала да отиде. И наеднаш станала редовен гостин.

Некои луѓе уживаат во своите новопронајдени дигитални животи токму затоа што никој не може да го забележи нивниот инвалидитет. Ендру Џонсон, кој е слеп, неодамна се вработи како трагач по контакти на заразените во Бостон. А бидејќи новите колеги не го виделе во живо, од почетокот никој не знаел дека тој не гледа.

Извор: New York Times

 

ОкоБоли главаВицФото