1019 hPa
94 %
12 °C
Скопје - Чет, 16.04.2026 09:59
Птица устремена. Стрвнина.
Исправен нор со закана.
Глуне езерска поврвнина,
модра од тага исплакана.
Темниот удар на крилото
темно ја сече модрината.
Блеснува на студенилото
риба во клунот раскината.
Денот е cив од умирање.
Сами сме. Ништо не велиме.
Некое немо разбирање
нè гони да се разделиме.