Онлајн издание на „ПичПрич“ на тема „Школски приказни“

22.12.2020 10:58
Онлајн издание на „ПичПрич“ на тема „Школски приказни“

„Школски приказни“ ќе биде темата на вечерашното онлајн издание (22 декември) на „ПичПрич“ кое ќе започне во 20 часот.

Настанот ќе може да се следи на дигиталната платформа „Зум“, а ќе се одвива на македонски, албански и српски, шри што биде овозможен и соодветен превод. Новото издание на „ПичПрич“ ќе може да се следи на Фејсбук страната на организаторките.

„Онлајн ПичПричот на тема „Школски приказни“ ќе нѐ прошета низ типичните женски доживувања врзани за образованието од различни аспекти и улоги. Ќе слушнеме забавни и потресни приказни на жени во улога на ученички, просветни работнички и мајки на деца на школска возраст, често растргнати меѓу внатрешните пориви и општествено-поттикнатата потреба да ги задоволат очекувањата на околината, со посебен акцент на тоа како пандемијата влијае врз овие околности“, објаснуваат организаторките Румана Бужаровска и Ана Василева.

Гостинки на настанот ќе бидат Татјана Б. Ефтимоска, професорка по македонски јазик и литература, лекторка по македонски јазик, авторка на бројни текстови од областа на македонистиката, Ениена Аети, фриленс преведувачка, поборничка за еднаквост, неуспешен прокрастинатор, како и Ружица Марјановиќ, професорка по книжевност во Ужичката гимназија во Србија, каде што заедно со писателот и професор Ненад Величковиќ и уште неколку професорки го основала култниот книжевен фестивал „На пола пута“.

На „ПичПрич“ ќе гостуваат вкупно шест говорнички, меѓу кои и Анита Љатифи Селими – вработена во Албанскиот театар, потоа Драгана Каровска Чемерска – активистка и правничка и Мерита Таири, која предава математика во основно училиште во Скопје.

 

 

ОкоБоли главаВицФото