Потребна ни е финансиска едукација

23.12.2020 01:21
Потребна ни е финансиска едукација

Чекање редови пред банките на студ, снег, дожд и ветар во време на пандемија претставува македонска национална срамота.

Национална срамота преполна со дискриминација кон физичките лица за сметка на правните, кои постојано добиваат преференцијален третман на шалтерите заради поголемите износи со кои трансактираат, национална срамота за банките, кои и покрај големите профити манифестираат невидена стиснатост, но пред се национална срамота која паѓа пред вратата на централната банка (#нбрм), а која, пак, е комплетно незаинтересирана да го реши прашањето на мизерно малиот број POS-ови (point of sale - шалтери, итн), така што ќе го врзе со нивото на приходите и бројот на деловници на банките.

Ова е национална срамота за целиот финансиски сектор, но уште повеќе за #nbrm #нбрм како негов регулатор, која искажува комплетна незаинтересираност за подобрување на едукацијата на населението во областа на личните финансии и електронското банкарство, вонредно важни дисциплини за развојот на националната економија и финансиската добробит на граѓаните. Дисциплина за која во светот се трошат огромни пари зашто не треба човек да е генијалец за да ги сфати придобивките од таквата едукација.

За жал, ова е при дното на интересот на овие институции. #НБРМ поготово е комплетно незаинтересирана да реши едно друго долгорочно прашање, кое е во сржта на проблемот со нерамномерниот развој на земјата и појавите какви што се иселувањето во странство, сиромаштијата, невработеноста и други, какво што е рамномерното географско кредитирање во зависност од нивото на штедните влогови. Во земјава има купишта градови и региони од кои банките земаат значајни суми на име на штедни влогови, но истовремено одобруваат многу малку кредити или не одобруваат воопшто.

Така што, кога вакво едно исклучително и долгорочно горливо прашање #нбрм не е заинтересирана да го реши, што стана за современата финансиска едукација на граѓаните.

Карикатури: Pavel Constantin

Извор.