Изложба на победничките фотографии од „Skopje Photo Week 2020“

23.12.2020 12:29
Изложба на победничките фотографии од „Skopje Photo Week 2020“

На 24 декември во 19 часот во холот на Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се отвори изложбата на најдобрите фотографии кои се пријавија на конкурсот „Skopje Photo Week 2020“. Како што информираат организаторите, изложбата која ќе трае седум дена, до 31 декември, ќе започне со доделување на пофалници за фотографите чии фотографии ќе бидат  изложени.

„На изложбата ќе можете да ги погледнете трите победнички фотографии на конкурсот, најдобрата фотографија од Инстаграм, како и најдобрите топ 20 фотографии. Да ги поддржиме нашите домашни фотографи и да го погледнеме Скопје низ нивниот алтернативен агол“, велат организаторите.

На конкурсот кој траеше до 20 ноември пристигнале 1.200 апликации.

 

ОкоБоли главаВицФото