МПЦ ќе влегува во бизнис за производство на струја!?

23.12.2020 13:57
 МПЦ ќе влегува во бизнис за производство на струја!?

МПЦ ќе влагала во бизнис за производство на струја, ќе инвестирале во мали хидроцентрали, најштетната форма на енергетски извор, со која се уништуваат нашите реки, а граѓаните се оставаат без вода за пиење и наводнување.

После бизнисот со градежништво, сега и ова.

11 години немаат завршна сметка, УЈП 2 години наводно нешто истражува, замислете.

Абе духовњаци, ќе има ли граница на вашата алчност и неморал, до кога ќе седите заробени во таа двојна игра и хипокризија, да се лажете себеси, ретките чесни, бројните наивни, да ве занима само имот, пари и политика.
Требаше да бидете некаков заштитник на македонската посебност, историја, традиција, а вие каде духовно хендикепирани, учествувате и во урбанистичкото и природно уништување на Македонија. Да не збориме дека ја крадете државата и народот, и не плаќате данок.
Веќе е досадно да се коментира оваа општа човечка бедотија која е просто насекаде во земјава. Не камилата низ иглени, вие сте општествен мастодонт, палеонтолошки остаток, атавизам, гигантско разочарување на кое само ќе му остане материјалното и бесчестието.

Срамота е ова и за клерикалната власт која ова го дозволува и го руши секуларниот карактер на државата.

Слика: Jorge Santos

 

ОкоБоли главаВицФото