Мал новогодишен саем на книги #11

23.12.2020 20:01
Почнува Малиот новогодишен саем на книги

 

Од 24 до 27 декември, на влезот во Градскиот парк во Скопје по единаесетти пат ќе се одржи Малиот новогодишен саем на книги. Работното време ќе биде од 10.30 до 16 часот.

На саемот со свои изданија ќе се претстават издавачките куќи: Темплум, Гаврош, Сказнувалка, Бегемот, Или-или, ПНВ Публикации, Бункер, Чудна шума, Слово и, по прв пат на овој традиционален саем - PMG Rekordings.

 

ПРОГРАМА

 
24.12 четврток

12.00 - 16.00 
Пиктографи 1
Партиципативен визуелно-книжевен експеримент

18:00
Онлајн креативна работилница за деца „Будни во зима“
Пријавување на адреса:
biljana.crvenkovska@gmail.com

 

25.12 петок

11:00
Промоција на книга
Златко Теодосиевски и Ацо Кондев
„Протести(и)“

12:00 
Доделување на наградата (за 2020 г.) за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!“

12.00 - 16.00 
Пиктографи 2

Партиципативен визуелно-книжевен експеримент

13.30 - 15.30 
Гатање и читање на мисли
врши Ана Голејшка

 

26.12 сабота

12.00 - 16.00 
Пиктографи 3
Партиципативен визуелно-книжевен експеримент

12.00 - 14.00
Гатање и читање на мисли
врши Ана Голејшка

13.00
Доделување на наградите од конкурсот за Куса-куса критика, со краток-краток разговор

 

27.12 недела

12.00 - 16.00
Пиктографи 4
Партиципативен визуелно-книжевен експеримент


Повеќе информации:
novogodisen.saem.na.knigi@gmail.com

 

ОкоБоли главаВицФото