Абе духовњаци, ќе има ли граница на вашата алчност и неморал?

23.12.2020 23:36

Абе духовњаци, ќе има ли граница на вашата алчност и неморал, до кога ќе седите заробени во таа двојна игра и хипокризија, да се лажете себеси, ретките чесни, бројните наивни, да ве занима само имот, пари и политика.
Требаше да бидете некаков заштитник на македонската посебност, историја, традиција, а вие каде духовно хендикепирани, учествувате и во урбанистичкото и природно уништување на Македонија. Да не збориме дека ја крадете државата и народот, и не плаќате данок.

Веќе е досадно да се коментира оваа општа човечка бедотија која е просто насекаде во земјава. Не камилата низ иглени, вие сте општествен мастодонт, палеонтолошки остаток, атавизам, гигантско разочарување на кое само ќе му остане материјалното и бесчестието.

Ивор Мицковски, Окно, 23.12.20.