Пандемијата ги покажа пукнатините во шведската „држава на благосостојбата“

26.12.2020 12:19
Пандемијата ги покажа пукнатините во шведската „држава на благосостојба“

Шведска не изгледа како држава која со леснотија го прифаќа големиот број смртни случаи на повозрасните граѓани за да ги сочува ресурсите во услови на пандемија. Швеѓаните плаќаат можеби најголеми даноци во светот, а за тоа добиваат огромен број услуги, вклучувајќи го и државното здравствено осигурување и образование, но и великодушни суми како надокнада за оние што остануваат без работа.

Но помеѓу повеќе од 6.300 луѓе чијашто смрт е поврзана со коронавирусот во Шведска, повеќе 45 отсто им припаѓале на најранливите слоеви на граѓани: оние кои живеат во старечки домови. Трагедијата делумно може да се објасни со децениите во кои Шведска постепено ја намалувала својата прочуена мрежа на социјална сигурност.

Од финансиската криза на почетокот на деведесеттите години, Шведска ги намалуваше даноците и така многу услуги полека бидуваа занемарени. Грижата за старите луѓе им беше доверена на општините, кои главно немале немале доволни буџети, а старечките домови станаа профитабилен бизнис, кој успеваше значително да ги намалаи трошоците потпирајќи се на хонорарни или времено вработени работници. Токму така и вработените во старечкиот дом „Сабатсбергсбин“ во Стокхолм се нашле во речиси безизлезна ситуација.

Беше средина на март, а неколкумина од 106-те штитеници покажале симптоми на Ковид-19. Домот е во сопственост на најголемата приватна компанија за старечки домови во земјата, „Атендо“ (Attendo), која е наоѓа дури и на стокхолмската берза. Минатата година оваа компанија забележала приходи од 1,3 милијарди долари.

Ниско платените работници продолжиле да доаѓаат на работа во смени, дури и кога се разболеле затоа што државното боледување не ја покривало нивната плата до целосниот износ, раскажува еден од вработените.

Во последните две децении, Шведска значително ги намалила своите болнички капацитети, па такак кога се случи најлошиот иницијален бран на пандемијата, постарите луѓе од старечките домови не можеа да бидат префрлени во болниците за да не ги загушат.

Еден елемент изгледа дека ги зголемил ризиците: одлуката на Шведска да го избегне задолжителното затварање и карантинот кој беше воведен во поголемиот дел од Европа. Иако владата препорача држење на физичка дистанца, училиштата, рестораните и продавниците останаа отворени. Не пропишаа ниту задолжително носење маски.

Шведските медиуми се согласуваат околу една работа: приватните старечки домови бележеле помал број починати од нивните државни пандани. Но, експертите укажуваат дека и приватните и јавните домови се водени од една иста сила: грижата за старите им остана на општините, а граѓаните плаќаа сè помали даноци за овие потреби.

Со децении агресивната јавна потрошувачка беше заштитен знак на Шведска. Но на почетокот на деведесеттите години од минатиот век, многумина почнаа да мислат дека државата е премногу присутна.

Според одредбите на еден закон донесен во 1992 година, фокусот на грижата за старите луѓе од старечките домови е префрлен на негата дома. Творците на законот сметале дека повозрасните порадосно ќе ги поминуваат последните денови од својот живот во своите домови. Но оваа промена била и последица на императивот наметнат од буџетот.

Од компанијата „Атендо“ велат дека имале доволно заштитна опрема според шведските прописи, но не доволно за ваква пандемија. А кога компанијата сфатила дека има проблем се појави недостиг на опрема на глобално ниво.

„Оваа пандемија ги покажа сите системски грешки кои поминуваа под радарот“, вели Оле Лундберг, генерален секретар на Форте, тело при шведското Министерство за здравје и социјални прашања кое се занимава со истражување на состојбите во здравството.

Миа Гране била свесна за проблемите кога пред две години, ги сместила своите родители во „Сабатсбергсбин“. Тоа беше совршено место за нив, се чувствуваа како да се дома“, вели Гране.

Но нејзината самодоверба исчезнувала кога пандемијата почнала да се шири. Кога ги прашала вработените во старечкиот дом како ќе се справат со опасноста, тие ја уверувале дека сè е во ред. Една недела подоцна, во локален весник ја прочитала веста за смртта на еден шведски музичар. Живеел во истото одделение како и нејзините родители. Многу брзо потоа тестот покажал дека нејзиниот татко е заразен со Квид-19. Ги молела вработените да го префрлат нејзиниот татко во болница, но ѝ било кажано дека никого не праќаат на таков пат. Таткото на Миа Гране починал на 2 април, „беше сосема сам“, вели таа. Еден недела подоцна починала и нејзината мајка.

Извор: The New York Times