Обиди се да запомниш некои белези

27.12.2020 23:23

Обиди се да запомниш некои белези. Запомни ја облеката
на тој што го губиш
та еден ден кога ќе го загубиш да можеш да кажеш: последен пат кога го видов
беше облечен така-и-така, кафена виндјакна, бела шапка.
Обиди се да запомниш некои белези. Оти тие немаат лице
душата им е скриена и плачот нивни
ист им е со смеата нивна,
и тишината нивна и нивниот крик се креваат до една иста висина
и телесната температура им е меѓу 37 и 40 степени
и немаат живот вон овој телесен простор
и немаат изрезбарен лик, ништо не им сличи ним, помнење немаат
хартиени чаши имаат за денот на слава
и хартиени чаши за една употреба.

Обиди се да запомниш некои белези. Оти светов
полн е со луѓе скорнати од сон
без нигде никого да им оправда солза,
и како диви ѕверки живеат,
секој сам во своето самотно дувло и умираат
заедно по боиштата
и по болниците.
И земјата ќе ги проголта сите нив,
и добрите и лошите, сите нив, како следбениците на Корах*,
сите нив во нивниот бунт против смртта,
со зинати усти до последниот миг,
во благослов и во клетва во просто
завивање. Обиди се, обиди се
да запомниш некои белези.
___________________________

* Синот на библискиот Исав.

Превод: Зоран Анчевски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото