Не ми се обраќај со тој фонт!

30.12.2020 18:59
Не ми се обраќај со тој фонт!

 

Не ми се обраќај со тој фонт!

 

 

Кафето ме крена и ме фрли во публика.

 

 

Заспивам без проблем, се будам со два.

 

 

Можно е да не осеќам болка, само не ме фаќај за збор.

 

 

Толку сум емпатична, дури ми е криво што нема да можам да плачам со вас на мојот погреб.

 

 

Се трудам да сум убава за да ме слушаат децата.

 

 

Си брцнав во око и си извадив спомен.

 

 

За ова ли паѓав од Марс?!

 

 

Мозокот е составен од неврони и емотикони.

 

 

Ако немаат леб, нека јадат вебсајт колачиња.

 

 

Нејќам да се фалам, ама маусот прифати да ми биде партнер за тастатура.

 

 

Два рутера пробуваат да играат пинг понг, ама мрежата стално им паѓа.

 

 

Напнат математичар открил хипертенуза.

 

 

Господ ја создал само еволуцијата.

 

 

Речи таму научно е докажано, да не ќе провери некој.

 

 

*се качува на вага*

- Ама добро, ова сосе глава е.

 

 

 

- Остани таква ко што си.

*се полева со течен азот*

 

 

 

ПРОСТОР ЗА РОКАДА

Свет. Аман.

Све таман.

Жими све.

Живи сме.

 

Колажи: Dani Sanchis

 

ОкоБоли главаВицФото