Друштвена игра со која се поправа светот

31.12.2020 11:24
Друштвена игра со која се поправа светот

 
Неколку креативни ентузијасти во Хрватска осмислиле една некласична игра насловена „Подобра година“. Целта на играта не е да се победи, а не е ниту лесно да се увтрди кога завршува. Сепак, во морето друштвени игри тешко ќе се најде некоја на која повеќе ѝ прилега статусот друштена игра. Наместо собирање бодови во замислени светови, во средиштето на оваа игра се наоѓаат мали гестови на добрина кои прават реална промена во светот во кој живееме. Автор(к)и на играта се Марина Андријашевиќ, Лука Влаховиќ и Ника Вујетиќ.

„Нашиот свет во последниве години силно се промени. Природата ни испраќа се’ погласни повици за помош, а ние луѓето, иако не’ има се’ повеќе, сме се’ поодалечени и се’ поосамени. И затоа мислиме дека мораме да тргнеме од мали нешта, од ситници кои ја прават разликата помеѓу лош ден и оној подобриот, со повеќе насмевка. “ велат автор(к)ите.

„Подобра година“ е игра од 52 картички, по една за секоја недела во годината. На 47 од нив се наоѓаат предлози за добри дела, а 5 од нив се празни за на нив да може да се впишат делата со кои играчите би се обиделе да го поправат светот. Поентата на „играта“ е со ситни знаци на внимание да се разубави денот на што повеќе живи суштества и да поттикнат други да го направат истото. Оттаму, штом направи некое добро дело играчот може да го напише своето име или нешто да нацрта. Потоа ја проследува картичката, било на оној кому му направил добро или на некој друг. Делата треба да патуваат што подалеку за другите да ја прифатат „играта“ и да ја продолжат низата.


Картичките се поделени во категориите Природа, Општество, Познати и Непознати и секоја од нив содржи по десетина добри дела. Сите дела се едноставни и симпатични. Лесни се за реализирање за играчите да не се обесхрабрат со големи и тешки задачи. Така помеѓу задачите ќе наидете на нешто како „Напиши поттикнувачка порака за непознат и остави ја во лифт, на клупа во парк или на некое друго фрекфентно место“ или „Остави им на птиците малку семки или друга храна за птици на прозорец или на балкон“. Сепак, помеѓу 52-те картички има и 5 кои носат статус на суперхерој/суперхероина картички. За нив е потребно нешто повеќе ангажман или храброст, но и задоволството е загарантирано. „Овие дела бараат трошка повеќе храброст или одважност па на нивните претставници им додадовме плашт за да ги поттикнеме. Послужете се со овие картички како инспирација или како буквални упатства, бидете креативни.“ велат автор(к)ите.


Авторите истакнуваат дека е во план и создавање веб-страница со што би се опфатиле и физичкиот и виртуелниот свет. „Ако каде било е денес присутен принципот на споделување, тогаш тоа е на интернет. Иако со оваа игра првенствено сакавме да поттикнеме блискост во физичкиот свет би било штета да се пропушти потенцијалот за одек на оваа иницијатива кој е достапен во виртуелниот свет. ‘Играчите’ и неиграчите на страницата ќе можат да споделуваат слики и приказни инспирирани од ‘Подобра година’ а ќе може да се прати и донација (имено, процент од секоја продажба на играта ќе биде уплатен на хуманитарната организација Малиот змеј која веќе десет години им помага на најслабите меѓу нас, деца од загрозените групи).“







Извор: vizkultura.hr

ОкоБоли главаВицФото