Првите 5.850 дози вакцини на „Фајзер“ ќе стигнат во февруaри

04.01.2021 11:14
Првите 5.850 дози вакцини на „Фајзер“ ќе стигнат во февруaри

Министерството за здравство информира дека Северена Македонија ќе добие 800 000 вакцини против Ковид-19, од прозиводителот Фајзер. Првите 5850 дози вакцини се очекува да стигнат во февраури.

„Министерот за здравство Венко Филипче, во директни преговори со овој производител, обезбеди вакцини за цела 2021 година. Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и висок претставник на компанијата прозиводител на вакцини против Ковид 19. Првите 5850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февраури, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди“, соопштија од Министерството.

Оттаму велат дека земјата е подготвена за имунизација против корона.

Вакцината на „Фајзер“ се чува во фрижидери на -70 степени целзиусови, а во Северна Македонија ќе пристигне месецов.

Регулаторните медицински агенции европската ЕМА и американската ФДА имаат дадено одобрение за вакцината на „Фајзер“.

 

ОкоБоли главаВицФото