Еве оди бубамара

04.01.2021 13:19
Еве оди бубамара

 
Еве оди бубамара,
бубамара,
целата источкана, шара до шара,
шара до шара.

Ќе ја замолам,
ќе ја замолам таа бубамара
да ми даде,
да ми даде барем една шара!

В срце ќе си ја вметнам,
ќе си ја вметнам -
блазе си му на тој што ќе го сретнам,
што ќе го сретнам.

Ќе му каже,
ќе му каже мојата шара
за патот кон среќа,
патот кон среќа каде да го бара!

Еве оди бубамара,
бубамара,
источкана, шара до шара,
шара до шара, целата ишарана!

Ќе ја замолам,
ќе ја замолам таа бубамара
секому да даде,
секому да даде по шара!

Препев: П. В.

ОкоБоли главаВицФото