Единствената детска книга на Џојс

05.01.21 14:19

Шармантната сликовница „Мачката и ѓаволот“, според малку позната приказна за деца од Џејмс Џојс, првпат била издадена во 1981 година. Всушност се работи за писмо кое Џојс му го напишал на својот внук Стефан на 10 август 1936 година. Првата верзија на оваа сликовница ја илустрирал познатиот француски уметник Блашон (Blachon).

Но, приказната за деца на Џојс имала уште повеличествено издание во Велика Британија, илустрирано од Џералд Роуз (Gerald Rose), кое не било преобјавено и е речиси невозможно да се најде, иако сепак го има во некои јавни библиотеки.  Во прекрасните илустрации на Роуз, Џојс е прикажан  како ѓаволот. 

На крајот на сликовницата има белешка од Џојс дека ѓаволот главно зборува на свој јазик наречен „Bellsybabble“, кој самиот го измислил, но кога е многу лут зборува прилично лош француски, иако некои што го слушнале велат дека има силен даблински акцент.

Извор: brainpickings.org