Не треба да има графа за верска припадност во пописните листи

06.01.2021 11:13

Јас најотворено се спротиставувам на постоењето на графа за верска припадност во пописните листи.

Прво, зашто верата е променлива категорија.

Второ, зашто е тоа многу лична определба.

Трето, зашто досега се манипулираше со оваа графа и кај сите кои се изјаснуваат како етнички Македонци се впишува православна вероисповед.

Ако веќе има, треба да има уверување, а не верска припадност.

Атеизмот не е верска припадност. Ни агностицизмот. Ни скептицизмот.

Мирјана Најчевска, Фејсбук, 06.01.21.