Малите Ескими

06.01.2021 10:19

Во колиба од лед

живееше момче

по име

КАГ ‒ СА ‒ СОК.

Не се плашеше од мракот

и си живееше осамено

како издвоен волк.

 

Чекаше на сонцето,

на краткото поларно лето

и на девојчето

АН ‒ ГА ‒ ТА ‒ ЈОК.

Кога сонцето пристигна

ги впрегнаа брзите санки

и го разбија ледениот молк.

 

Се смееше долго

ескимското момче

КАГ ‒ СА ‒ СОК.

За моржот и фоката

му раскажуваше бајка

на девојчето

АН ‒ ГА ‒ ТА ‒ ЈОК.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото