1033 hPa
52 %

6 °C
Скопје - Чет, 06.02.2025 20:59
На рабовите на вселенава разгранета
има една минијатурна планета.
Е таму ‒ за да нема караници ‒
лалињата се државни граници.
Кога патуваш за пасош се важи
срцето ‒ само со рака кон него покажи.
Насекаде се виори истото знаме:
на братската љубов пламен.
Куќите никаде ограда не ги дели,
заедно живеат црни, жолти, бели.
Таму во секоја печка огнот баботи,
а секој татко со децата си ломоти.
Кон морето таму дивизија деца се спушти,
ги има колку што рибите имаат крлушти.
Има, значи ‒ не е лага ‒ малецка планета
кајшто врз секое лице насмевка цвета.
Превод: П. В.