Трета годишна стрип награда „ЛИФТ“ - пристигнати стрипови

09.01.2021 00:25
Трета годишна стрип награда „ЛИФТ“ - пристигнати стрипови

 

На третиот годишен конкурс за стрип наградата Лифт добивме петнаесет стрипови од 17 автор(к)и. Само два стрипа се направени во пар. Другите 15 се соло дела.

Во продолжение ги претставуваме, со по една страница, сите пристигнати стрипови.

Резултатите од конкурсот ќе ги објавиме при крајот на месецов.

Наградниот фонд изнесува 500 евра, но во книги и стрипови. Фондот со свои изданија го обезбедија Темплум (400 евра) и Бункер (100 евра).

Предвидени се три награди: од 250, 150 и 100 евра. Најдобро оцененетите автор(к)и за таа сума ќе добијат изданија, по сопствен избор, на книгоиздателството „Темплум“ и на издавачот на стрипови „Бункер“.

Ќе објавиме и книга со сите стрипови и, се разбира, ќе направиме свечена промоција (ако дозволат епидемиолошките услови).

Жирито е исто како и минатата година и го сочинуваат: Никола Гелевски, Јана Јакимовска и Владимир Битољану.

Во конкуренција за Лифт наградите за 2020 застапени се следниве автор(к)и:

Евгенија Трајковска
Назад во 2019
(12 страници)


Иван Коминовски
Promise
(8 стр.)


Ева Дејановска
Она девојче онаму
(5 стр.)


Климентина Соколовска
Можност
(4 стр.)


Анастасија Зафировска
Воена Песна
(7 стр.)


Теодора Крстевска
Вреднување на нашиот мајчин јазик
(3 стр.)


Стефана Димитриеска
Врколак
(4 стр.)


Кристина Ѓорѓиовска
Издржи 
(15 стр.)


Кристина Таневска и Наталија Наумовска
Бројките не се само цифри
(2 стр.)


Мирко Попов и Артур Попов - Кујача
Бурекмен
(3 стр.)


Магдалена Јовеска
The family 
(1 страница)


Сара Божиноска
Ѕвездата на змејот
(2 стр.)


Христијан Нашуловски
Зошто јас, Јан?!
(8 стр.)


Надица Тренчева
Македонски женски имиња
(6 стр.)


Надица Тренчева
Моето име е Нада. А твоето?
(1 стр.)

ОкоБоли главаВицФото