1030 hPa
52 %

6 °C
Скопје - Сре, 12.02.2025 10:59
Очајна македонска делегација го посетила Господ и плачливо се пожалила за нивната судбина.
„Аман кажувајте што е проблемот?“, прашал Господ.
„Ох, Господи, зошто толку нè казни? Ти направи сите нормални народи да потекнуваат од мајмуните; а само ние од Бугарите.
via Марија Тодорова
***
Бугарин влегува на македонска граница.
Цариникот се обидува да зборува на англиски, прашувајќи:
- Occupation...?
Бугаринот спремно одговара:
- No, just visiting... This time!
***
Од границите на балканскиве земји да фрлиш бумеранг и тој нема да се врати.
***
Минатото ни е страшно, сегашноста неподнослива, цела среќа што немаме иднина.
***
Се сретнале капиталист и робовладетел, на муабет.
- Како е, како иде работава? - прашал капиталистот.
- Не е добро - одговорил робовладетелот. - Робовите многу јадат, па мораме да ги лечиме кога ќе се разболат, па да градиме куќички за да не се мрзнат и киснат, облеката исто е скапа, па војската за робовите да ги приведеме, полицијата за да ги дисциплинираме, сето тоа чини...
- Кај нас е тоа многу подобро решено - одговорил капиталистот. - Самите сè си плаќаат.
1872 - криеш ајдуци;
1942 - криеш партизани;
2020 - криеш гости.
***
За сите што се чудевте кога е Куково лето?
Е па - годинава е.
***
- Шишмишов не ви е добро сварен.
- Аман бе, нема светот да пропадне ради лошо сварен шишмиш!
***
Подобро изолација отколку заземјување.
***
Животот е она што ти се случува додека ти се полни мобилниот.
***
Комшике, каде е маж ти, три вечери го нема на тераса?
- Го ошишав!
***
Најден е лек против коронавирусот:
61 пиво и С витамин.
Ако не верувате прочитајте го
Covid 19 наопачки.
- Прво ќе купиме двоглед.
- И што понатаму?
- Ќе видиме што понатаму.
***
Во меѓувреме, во Скопје:
- Се сеќаваш на мене?
- Се сеќавам, ама НИЗ МАГЛА.
***
Еден човек ми објасни како да ги гледам географските карти. Легенда!
***
Само кај нас на „Што правиш?“ одговараат со:
„Ништо, на работа сум.“
***
Никогаш не викај „Ни мртов повеќе на избори“.
Тоа не зависи од тебе.
***
- Комши, можеш вечерва да ми ја позајмиш бор машината?
- Секако, што планираш?
- Планирам утре сабајле да спијам.
У Аеродром, у кафич, женска прашува дечко:
– Дечко, сингл си?
– Девојко, си се препознала. Не сум тенисер.
***
Јас ѝ пишувам: Девојко, страшна си...
А таа ми возвраќа: Море и ти шо вампир си...
***
Еден млад и згоден интернист бил толку вообразен што кога и да им мерел пулс на жени, минусирал десет отчукувања на сметка на својот шарм.
***
Мажот дома врши лавовски дел од работата.
Главно јаде и спие.
***
До сите кои ги откажаа свадбите поради вирусот:
Запамтете - Господ ви даде втора шанса.
via Владимир Манде Мандичевски
***
Девојката: Каде е мојот роденденски подарок?
Дечкото: Го гледаш ферарито пред зграда?
Девојката: Да, да! Го гледам!
Дечкото: Е па во истата боја ти купив лак за нокти.
Карикатури: Dave Coverly