Кино во коцка мраз

11.01.21 14:51

Носталгичната анимација на белгиската режисерка Соткин Верстеген (Soetkin Verstegen), насловена „Замрзната снимка“ беше наградена на неколку светски фестивали на анимиран филм.

Авторката пак, го опишува своето видео како „минијатурно кино во коцка мраз“. Сликите се винтиџ - зрнести и црно-бели, а анимацијата ги следи работниците додека се обидуваат да ги зачуваат големите парчиња мраз. Среде монотоните сцени се појавуваат инсекти, жаби и разни други суштества кои излегуваат од рамките и на крајот се кристализираат во скулптури. Авторката вели дека со ова видео ги истражува почетоците на филмот, распаѓањето и зачувувањето. 

Извор: thisiscolossal.com

 

ОкоБоли главаВицФото