Историјата не се учи од вашите глупи учебници

12.01.2021 01:26
Историјата не се учи од вашите глупи учебници

Престанете да се препичувате за предметот историја истите вие кои ги уништија Охрид и Битола и Скопје и Велес и Прилеп и Кратово и Тетово и Дебар.

Кај бевте да се спротиставите на уништувањето на културното и историското наследство? Кај бевте да дигнете глас кога се вадеше калдрмата од Старата чаршија или кога се лепеше линолеум на Шарената џамија.

Истите вие кои оставија да пропаѓаат старите манастири, ја деформираа Шарената џамија го уништија духот на селата. Истите вие кои мижите пред пропаѓањето на археолошките наоѓалишта, кои не ни знаете дека имаме една од најубавите збирки на старовизантиски монети, кои го претворивте вијадуктот во ѓубриште.

Одеднаш скокнавте во одбрана на вашите мизерни учебници по историја, полни со грешки, со лаги и глупости.
Историјата не се учи од вашите глупи учебници.

Историјата се гледа, се чувствува, се штити, се проучува, се почитува, се пее и свири и рецитира и раскажува.
Историјата е најубава приказна која ја претворивте во најдосадно четиво и најбесмислен час заради своите сопствени интелектуални ограничености.

 Слика: Владимир Казаневски