Фотореалистичните мурали на Лула Гоце

14.01.21 13:19

Од Њујорк до Азербејџан, од Шведска до Флорида, шпанската уметница Лула Гоце ги трансформира празните sидови во етерични уметнички дела што ги илустрираат чудата на детството и растењето.

Нејзините мурали спојуваат фотореалистични претстави на адолесценти опкружени со нестварна околина: делови од цвеќиња и винова лоза, многу ветер околу фигурите, змијовидни суштества што излегуваат од растенијата и смалени пејзажи што почиваат во рацете на децата. Спокојни и налик на сонови, делата на Лула често се фокусираат на децата насликани со суптилни тонови, но необично впечатливи заради димензиите. 

Извор: thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото