На поетот

15.01.2021 19:51

Кој е тој што знае
ноќта да ја збрише духот кај ни чмае?

Кој може да стори
кобецот да згине срце што ни мори
од утро до мрака, од мракој до зори!

Кој може да каже
дните да се збришат од споменот тажен,
и очајот иден пред погледот влажен,
и клетата мака на животот празен!

Ти каков ќе бидеш
поет а се свиваш од товарот иден
на адот ил рајот в гради што ти иде!

На позивот гледај
со верба и простум трпи јад и беда!

Превод: Матеја Матевски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото