Интимен театар зборува

16.01.21 11:48

Режисерката Софија Ристевска, основачка на Интимен театар во Битола, апелира до Министерството за култура и другите надлежни да не се дозволи замирање на театарот поради кризата со пандемијата.

„Драги пријатели, во овај текст би сакала да продискутирам и да ја истакнам важноста на културните организации, што работат и опстојуваат во внатрешноста на нашата држава. Мотивирана сум за овај текст од стравот што се роди во мене овај период, кога сите културни работници ги очекуваме резултатите од конкурсот за финансирање проекти, на Министерството за култура. Имено, мојата организација Интимен Театар од Битола, веќе четири години недобила никакви средства од Министерството за Култура. Оваа година конкуриравме во драмска и во интердисциплинарна дејност, и се плашам дека ако и оваа година недобиеме грант, нема да можеме да ја одржиме во живот самата структура на организацијата. Досега мал приватен бизнис, хотелот - Хотел Театар, во чијшто простор веќе осум години работиме, успеваше да влева дел од своите приходи во нашата организација, но благодарение на ковид кризата, малиот бизнис е сосема мртов и ние остануваме без основни средства за работа и одржливост.

Сево ова го пишувам, затоашто сакам да посочам и да нагласам, дека во внатрешноста на нашата држава, работат релевантни, компетентни и активни култрни организации, коишто функционираат во локални заедници што секојдневно се напуштани од своите жители. Населението за жал заминува, емигрира, а со тоа се намалува просторот во којшто овие организации дејствуваат. И покрај оваа ситуација, организациите од внатрешноста успеваат да привлечат артисти и млади луѓе, и успеваат да бидат светли точки, во развитокот на градовите кадешто дејствуваат! Без овие организации од внатрешноста, без овие светли точки во помалите градови, сосема би се изгубил културниот еко систем во државата, што во моментов така или инаку, стои на стаклени нозе!

Мојот апел до Министерството за култура и до комисиите од различните дејности е, да се разгледаат детално портфолијата на самите организации. Колку долго постојат и каков импакт имаат врз самите заедници кадешто дејствуваат. Да не се расцепкува и така малиот буџет на милион мали порции, за да се доделат на нереални организации, организации без биографија и продукција, а да се укрупнат грантовите и да се дадат на реалните чинители на независната културна сцана, како во главниот град, така и во внатрешноста на државата.

Нашата држава е мала, независната сцена е мала, и комисиите на министерството слободно можат да ги запознаат организациите од секој град во државава и да го оценат импактот и важноста на самите организации за локалните заедници.

Во оваа ковид криза, што трае веќе премногу долго, го повикувам Министерството, внимателно да ги разгледа културните организации од независната културна сцена, коишто продуцираат релевантна, важна и охрабрувачка култура и да има даде шанса за живот!“, вели Ристевска.

 

Слични содржини

Став / Култура

ОкоБоли главаВицФото