„Кафе со преведувачот“ – онлајн дискусија со Румена Бужаровска

16.01.2021 12:04
„Кафе со преведувачот“ – онлајн дискусија со Румена Бужаровска

Во четврток, 21 јануари, од 19 часот во организација на „Вавилон“ ќе се одржи настанот „Кафе со преведувачот“, на кој ќе гостува професорката, писателката и преведувачката Румена Бужаровска.

Настанот е од отворен карактер и бесплатен, учесниците во дискусијата ќе имаат можност да ги споделат своите согледувања.

„Знаеме дека ќе почнеме со муабет за квалитетот и важноста на книжевните преводи, за читателската публика, за Вавилон, предизвиците кај нас, студентите, а каде ќе завршиме, ќе видиме“, најавуваат организаторите.

Заинтересираните можат да се приклучат на настанот преку следниот линк на „Zoom“ – ID: 891 4778 2221, а лозинката е 016132.

Бужаровска од неодамна е прва амбасадорка на „Вавилон“. Преведува од англиски на македонски (Џон. М. Куци, Луис Карол, Труман Капоти, Ијан Рид, Фланери О’Конор) и предава американска книжевност и преведување на Филолошкиот факултет во Скопје.

Наградата „Вавилон“ е заеднички проект на Здружението на преведувачи и толкувачи (ЗПРМ) и Делегацијата на Европската Унија.