Пушење

17.01.2021 22:17

Прашувам: зошто непушачите
седнуваат без скрупули во одделите
за пушачи? Зошто сакаат да доминираат? Зошто
секогаш се навредени?

Моја мала пријателко, цигаро.
Со тебе поминав повеќе време отколку со кој било друг.
Се уништуваме меѓусебно, нежно
поврзани.

Прашувам: зошто непушачите
не ја ценат нашата самотија,
нашата неумна храброст, нашата
жар, пепелта?

 

Превод: П. В.

Marcin Świetlicki (1961) е полски поет, писател и музичар. Живее и работи во Краков, Полска.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото