Сказнувалка објавува конкурс за детска рецензија

18.01.2021 23:19
Сказнувалка објавува конкурс за детска рецензија

По повод својот трети роденден Сказнувалка објавува конкурс за најавтентична детска рецензија „Децата зборуваат за книги“

Конкурсот е наменет за деца од 4 до 7 години

Испратете краток видео или аудио запис во кој вашето дете одговара на следните прашања з а книга/сликовниц по негов/нејзин избор:

-Што ти се допадна во оваа книга/сликовница? и
-Што не ти се допадна во оваа книга/сликовница?

Материјалите треба да пристигнат до 31 јануари 2021 година на следниот мејл: skaznuvalka@gmail.com,

Најдобрите две видеа ќе бидат наградени со пакетче во вредност од 2500 денари со најдобрите детски изданија од други издавачки куќи или со пакетче Сказнувалка во вредност од 2200 денари со сите изданија на Сказнувалка.

Додека, пак, следните три најдобри видеа ќе бидат наградени со издание од Сказнувалка по избор на рецензентот.

Напомена!
Видеозаписот нема да биде објавен како таков без согласност од родетел.
Доколку родителите не се согласни да се објави во форма на видео запис, реценцијата ќе биде објавена/споделувана во текстуален формат.

Важно! Родителите не треба да влијаат врз малиот/малата рецензент/ка.