Клетва

19.01.2021 14:11

Да даде Господ да те изеде Рајот!, ме проколна
отец Клеопа. Стрмен беше теренот
помеѓу неговиот скит и моето подножје.

Во народот клетвата секогаш беше пеколна:
„Срце да те изеде, бел ден да не видиш“.
Се сопнував удолу, се јазев угоре.

Со превртени црева, издраскана и без здив
влегов во првата црква. Свештеникот
тукушто го кажа Симболот на верата

и едно дете извика „Блаво!“ плескајќи со рачињата.
Придушена смеа. Постарите жени со прекорлив глас:
„Не се кажува браво в црква!“

Свештеникот грмна: „Ни овде немате почит кон Бога,
а не пак дома - најадени, напиени,
ко на тајна вечера!“

А мајката со детето заитана кон излезот шепна:
„Во пекол ли живееш - во рајот ќе јадеш и пиеш“.
Ја напуштив црквата. И тргнав по неа.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото