Лажливи заштитници на демократијата

20.01.2021 17:45
Лажливи заштитници на демократијата

 
Откако поттикнат од шокантниот упад на Трамповите приврзаници во зградата на Конгресот на САД, Твитер тајно го блокираше профилот на подивениот претседател на заминување, на повеќе места се поведе расправа околу импликациите на таквото влијание на интернетските мегакорпорации на јавната политичка сфера. Но можеби и не требаше да се троши премногу типкање на одлуката на Твитер или пак на нејзина критика – светот е барем за влакно подобро место затоа што на еден глобален насилник му е одземена клучна комуникациска платформа. А колку точно некој може да се занесе со тој факт покажа отприлика истовременото блокирање на страницата Sci-Hub на истата таа платформа.

Sci-Hub е една од најважните академски „библиотеки во сенка“- страница на која може бесплатно да се пристапи на инаку наплаќани академски содржини како научни прилози и книги. Иако се работи за пракса која во рамки на регулацијата на интернетот и авторските права припаѓа на доменот на пиратското, односно илегалното, таа воедно е и клучна платформа за ублажување на глобалните нееднаквости во поглед на пристапот до знаење. Sci-Hub е основана во 2011 година од казахстанската програмерка и активистика Александра Елбакјан, поттикната од експлоататорските пракси од страна на големите академски издавачи и дигиталните научни бази, како и од исклучително високите, економски исклучиви цени за пристап до нивните публикации.

Коментирајќи ја пресудата која њујоршкиот суд ја донесе врз основа на тужбата на Elsevier, токму еден таков издавачки гигант чии содржини може да се најдат на Sci-Hub, Борис Постников во 2017 година во неделникот „Новости“ изнесува суд дека проектот на Елбакјан е „веројатно најважното светско научно достогнување последниве години. Опишувајќи како системот на академско издавашво паразитира на истражувањата финансирани со јавни средства и неплатен труд на низа поединци вклучени во неговото производство, Постников заклучува дека Sci-Hub е „помалку пиратски“ а повеќе робинхудовски: знаењето го одзема од моќните киднапери за, нешто што и онака нам ни припаѓа, најпосле да ни го врати на сите нас. “

Александра Елбакјан, основачката на Sci-Hub

И покрај се’ пораширеното укажување на проблемите на глобалниот академско-издавачки систем, правниот притисок на издавачите на страницата на Sci-Hub во меѓувреме секако не престана. Уште повеќе, токму Елсевиер е еден од актерите – заедно со Wiley и Американското хемичарско друштво – на приказната која го создава непосредниот контекст на одлуката на Твитер да го блокира профилот на Sci-Hub. Имено, во Индија е поднесена тужба со која наведените издавачи бараат блокада на пристапот на страницата на Елбакјан. За среќа случајот за издавачите го комплицира фактот што бројни припадници на академската заедница го сметаат Sci-Hub за клучен за објавување истражувачка работа. Од таа прилина Врховниот суд во Индија го прогласил целиот процес за постапка од јавно значење, уважувајќи ги поднесените документи од деветнаесет научници но и од Научниот форум на Делхи и на платформата Knowledge Commons, кои побарале подетално разгледување на фактите за целиот случај врз основа на важноста на „библотеките во сенка“ за рамноправен пристап до знаење.

Самата Елбакјан ја доведува одлуката на Твитер во директна врска со индиската тужба: „Таа се случи точно откако научниците во Индија се побунија против Elsevier и другите академски издавачи и кога Sci-Hub се огласи на Твитер за опасноста да биде блокирн. Илјадници луѓе на Твитер проговорија против таа можност. Но Твитер сега на сите им порачува: „Замолчете!“.

Според официјалното појаснување, Твитер го блокирал профилот на Sci-Hub врз основа на политиката за фалсификати која „забранува продажба или промовирање продажба на фалсифицирани стоки на платформата“. Меѓутоа, како што наведува порталот Techdirt, профилот на Sci-Hub не правел ништо од наведеното, избегнувајќи линкови до содржините на дигиталната библиотека и објавувајќи главно проблемски содржини на тема на авторски права, достапност на знаење и слично. Во таа смисла, одлуката на Твитер е исклучително нетранспарентна, што е нагласено со фактот дека на Sci-Hub му е одземена каква било можност за жалба. Одлката на индискиот суд е одложена за шест недели, што значи дека ќе помине уште малку време додека не се просуди несомненото јавно значење на „библиотеката во сенка“.

Ако ги испитаме правните преседани во Индија, ситуацијата не е нужно лоша. Како што неодамна потсети изложбата „Борби со хартијата“ на хрватските автори Томислав Медак и Марсел Марс, одржана есента во загрепската Галерија Нова, случајот на тужба на големите издчвали против фотокопирницата Rameshwari при Delhi School of Economics од 2012 е пример за тоа како судот може да одлучи дека достапноста до знаење во сиромашните општества е јавно добро кое има предност пред заштитата на авторските права. И во случајот на Sci-Hub судот би можел да се води по слична логика. Што се однесува пак до Твитер, можеби е тоа најдобар знак дека иако можеби можеме да се заблагодариме на демократските гестови на корпорациите, сепак вистинскиот простор за демократизаија и натаму ќе биде отворан пред се’ преку борба против нивното незамисливо влијание врз нашите институции.

Извор: Kulturpunkt

ОкоБоли главаВицФото