Во сексуално образование спаѓа и интегритетот на телото

21.01.2021 12:27

Овде главно со гнасење се отфрла секој предлог за сексуално образование во училиштата. Сексуалното образование главно се заговара како превенција од несакана бременост и како мера за спречување на ширење на полово преносливи болести. Сега гледаме, сексуалното образование би можело да ги научи децата и што е тоа сексуален однос и што значи давањето согласност на тоа – би била една важна тема на сексуалното образование.

Понатаму, во рамки на сексуалното образование би можело да се објасни и што значи чувањето на интегритетот на сопственото и на туѓото тело. На кои сè начини тој интегритет може да биде нарушен и како може личноста од тоа да се брани. Со такво знаење, девојчињата (и момчињата) би умееле да препознаат и да именуваат во почетните фази она што се опишува како сексуално вознемирување, и без срам да говорат за тоа, бидејќи – зошто би се срамеле од знаење стекнато на училиште. Општо место е дека има изразито компетитивни дисциплини – како спорт, глума или балет, да речеме – каде девојчињата се посебно изложени на сексуално вознемирување. Зарем тогаш не би било добро секој клуб, драмска или балетска школа да има обврска на своите млади членови да им објасни сè што е неопходно за интегритетот на нивните тела? За основните, средни и високи школи тоа се подразбира.

Дејан Илиќ, Окно / Пешчаник, 20.01.21.