Молкот на мајка ми

21.01.2021 14:40
Молкот на мајка ми


 Ноќта, на 9-ти март 1986, ме разбудија од сон необични, тапи звуци. Отворив очи, ја подигнав главата и го видов татко ми како лежи врз мајка ми држејќи ѝ ја раката на уста и главата цврсто набиена на перница, додека таа со сета сила даваше отпор. Кога забележија дека ги гледам, започна да вика под неговата дланка, го гризна, тој ја помести раката, а таа рече: „Детето гледа!“ Татко ми скокна од креветот, таа исто така, а јас реков дека одам во собата кај баба и дедо. Мајка ми ме фати за рака, рече да не го правам тоа, ме одведе во тоалетот и ми рече дека ништо не се случило и да не зборувам никому што сум видел. Ми објасни дека татко ми е пијан, дека изутрина оди на пат и дека баба, неговата мајка, ќе се грижи ако знае дека не баш трезен заминал во Панчево од каде треба да довезе огромни стаклени плочи.

Тогаш ми раскажа дека на прославата за Осми март било фино и дека баш се веселеле. Прашав како тоа било фино кога привезокот на обеткат ѝ е искинат. Ми рече дека тоа не е важно и дека тие обетки ионака не ги сака. Се вративме во собар, татко ми гол, со видлива ерекција, стоеше во мракот, рече дека од нас двајцa човек не може да оди да моча кога му се моча. Мене ми рече дека еден ден ќе му платам за тоа.

Не знам дали нејзината мајка знаеше за оваа ситуација, но знам дека штом мајка ми е се пожалеше на алкохоизмот на татко ми и на неговиот тежок карактер, баба ќе речеше дека кога се раѓаш женско се раѓаш проклета и дека тука нема што понатаму да се разговара. Мојата друга баба, татковата мајка, присуствуваше на бројни сцени кога татко ми ја напаѓаше мајка ми, вербални и физички, а понекогаш ќе ја одбранеше со зборовите: „Пушти ја веќе!“, после што татко ми заминуваше, а мајка ми плачеше. Баба ќе речеше: „Мораш и ти некогаш да молчиш и да си го скрати јазикот.“

Не се сеќавам на годината, но секако бев поголем, мама беше на некоја генерациска средба и ми раскажуваше како седела во истата училница, на истото место на кое седела додека била ученичка во тоа училиште. Рече дека поранешната класна учителна ги прашала каде се и како се во тој момент од животот, а мојата Сунчица рекла дека е среќно омажена, дека има прекрасен син и стабилна работа.

Мајка ми умре сама, во болница на интензивна нега, не знаеја што ѝ е и како да ја лечат, никој не можеше да ја посети, вегетираше, не јадеше, не можеше да се движи и не говореше. Со татко ми се чув неколкупати за тој период. Не беше добар психички, плачеше, го молеше Бога да му ја врати мајка ми, се прашуваше зошто животот е така суров кон неа. Молчев, бидејќи, што да му кажам. За мајчиното здраје се инфомирав преку пријател кој работеше во болницата. Велеа дека е лошо и дека сосем сигурно заминува, но дека не знаат кога, бидејќи нема никакво драстично влошување. На 9000 километри од неа, помирен со ситуацијата, бев среќен што е сама, што гледа и што дише, што молчи. Тоа беа петте неславни минути слава на мојата мајка. Да беше сѐ поинаку, како што не е, можеби некогаш ќе ја прашав дали навистина не ја сакаше онаа обетка. Мислам дека ме излажа. Но, за тоа молчевме.

Татко ми беше шофер и тоа му даваше одредени бенефиции, бидејќи сите од управата користеа камиони од фирмата за да завршуваат приватни работи. Моите родители често одеа на семејни вечери кај шефовите на татко ми. Така они кои имаа некаква моќ, а ги кршеа правилата противправно користејќи ги ресурсите на фирмата, им даваа важност на малиоте, неважен човек. Секогаш во некој дел од вечерта друштвото ќе се поделеше на машко и женско. Мене, заедно со другите синови, најчесто ме ставаа да седам во собата со мажите. Тие, во шифри, раскажуваа рибарски приказни за жените од фирмата, заедно со она: „Таа вели немој, а јас велам, е богами ќе сакаш.“ Потоа другите се смеат и заклучуваат: секако дека сакала. Кога главешините доаѓаа кај нас, тоа го правеа во два пакета. Со своите сопруги и деца или со своите љубовници. Мама еднакво спремаше јадење, правејќи се дека е сѐ во ред и дека тоа му помага на нашето семејство.

Денес, речиси три и половина децении од првиот опишан настан, мене ми е работа да им пружам поддршка на барачите на азил. Среќавам многу жени кои побегнале од своите земји бидејќи биле силувани, тепани, малтретирани, на сите можни начини. Некогаш се одважувале да го кажат тоа, па биле малтретирани од страна на целата заедница. Тогаш со нив минувам низ траума, низ животните приказни и низ многу болка, помагајќи им да соберат што повеќе докази за да докажат дека животот во сопствената земја не им е возможен. Тогаш, следејќи ги стандардите на Обединетите нации, прашувам: „Дали некому си му кажала дека си силувана?“; „Дали си пријавила во полиција?“; „Дали си им кажала на лекарите?“.

За жените нема безбедна земја. За жените постои само бескрајна тишина во која царува нивната болка, бидејќи невидливиот срам според идеалот на сеmјството, нацијата, верата или државата е поголем од видливите рани на женското тело и на женската душа. И затоа жените молчат и ги чекаат, како мајка ми, своите денови на тишина во кои можат да бидат со себе. Во болката, но со себе. Ете.

Извор: Pescanik
Слики: Michelle Kingdom

ОкоБоли главаВицФото