
Кога болката на светот наоѓа зборови
тие звучат како радост
и ние често ги следиме
со нашите стапала од земја
и ги учиме наизуст
но кога радоста на светот наоѓа зборови
тие се болни
и ние често им вртиме грб
со нашите раце од вода
Превод: Зоран Анчевски