Винтиџ сликовници: „Џои и роденденскиот подарок“

22.01.21 13:53

Голем број славни автори на литература за возрасни, исто така пишувале генерално помалку познати и секогаш прекрасни детски книги и сликовници, вистински скапоцени камења како „Совети за мали девојчиња“ од Марк Твен, „Мистер Блис“ од Толкин, „Слатка како кисела краставица и чиста како свиња“ од Карсон МекКалерс, „Животот не ме плаши“ од Маја Анџелоу, „Мачките од Копенхаген“ од Џејмс Џојс, „Завесата на медицинската сестра Лугтон“ од Вирџинија Вулф, „Книга за кревет“ од Силвија Плат, „Да се направи“ од Гертруда Штајн и „Малку неправилната противпожарна машина“ од Доналд Бартелм.

Меѓу нив се и писателките, добитнички на Пулицеровата награда, Ен Секстон (Anne Sexton) и Максин Кимин (Maxine Cumin) со нивната серија од четири сликовници издадени во 1960-тите и 1970-тите години. Во 1971 година, една деценија по нивната прва соработка, тие ја напишаа „Џои и роденденскиот подарок“  во која се претставени шармантните илустрации на уметницата Евалин Нес (Evaline Ness). Сликовницата со суптилен хумор ја раскажува приказна за пријателството и сочуството. Илустрациите нацртани во четири бои ја пренесуваат пораката на оптимизам и надеж. 

Извор: brainpickings.org