1012 hPa
49 %

19 °C
Скопје - Пон, 21.04.2025 21:59
А сега ја прогласувам сезоната на интровертност за отворена.
А ти во која гангренатна состојба си?
Во болница сум, ми најдоа проширена свест.
Умрев пред да бидам кул.
Џабе ќе се бесиш, не ти е тоа нивото.
Меѓу ‘шепоти’ и ‘вика’ границата е ‘стенка’.
Изгубен ѓавол следи добронамерник за да му помогне да си го најде домот.
Богдачува, од мене ти е незгодно?! Засрами се!
Имаш ли ти свое jazz?
Во случај на срам, скрши го табуто.
Извини што се понашам ко слабич, посилно е од мене.
Полна сум со разбирање, затоа нема место за ништо друго.
Таксистот ме сака каква што сум.
Нема место за паника. Направете!!!
Љубовта е отсуство на канибализам.
Едно е да си мазохист, друго е да си жртва на садист.
Толку сум лесна што можеш да ме јадеш од нога.
Ме бараш само кога си требаш.
Би те сакала безусловно, но условите не ми дозволуваат.
Те игнорирам, значи постоиш.
Те жртвувам за наше добро.
Битката кај нередта.
Отидов во крајност за да сменам гледна точка.
Фатив кривина за озбилно.
Се фрлив ко да не сум биоразградлива.
Огромен материјал сум, ќе причекам да си легнам.
Спијам за да тргнам очи од себе.
Многу сакам игри со заборави.
Слики: Sally Storch