Изградба на спортско рекреативниот центар Треска (1978)

25.01.21 11:52

Езерото Треска претставува рекреативно езеро во село Сарај, во близина на главниот град на Македонија, Скопје. Езерото се протега на површина од 136.000 м2, длабоко е од 1,6 до 3 м и има капацитет од 10.000 капачи. Целиот спортско-рекреативен комплекс е изграден во 1978 година со самопридонес на жителите на Скопје.

Поради загаденоста на водата, езерото е затворено како капачки објект од 1998 година. Постои иницијатива за негово повторно активирање како главна летна атракција за скопјани и иако постои фонд „Пари за Треска“, единствено има средства само за трошоците за тековно чистење на дното на езерото, како и за санација на бетонските плочи на базенот.

 Погледнете ја емисијата за изградбата на Треска од 1978 година. 

Извор: Youtube

ОкоБоли главаВицФото