Џамлии играме најмалку 4600 години

25.01.2021 16:22
Џамлии играме најмалку 4600 години


 Џамлија, скокалче, билија... има многу називи, но најинтересно е тоа што речиси да нема земја во која не се игра оваа детска игра. Денес никој не знае кога точно настанала, но пред еден век било утврдено дека луѓето играле џамлии уште во 2.600 година пред нашата ера во Мохенџо-даро, на подрачјето на денешен Пакистан. Тоа значи дека станува збор, веројатно, за најстарата постоечка игра на светот, стара најмалку 4.600 години.

Траги од играње со џамлии се пронајдени и кај северноамериканските Индијанци. Најпрво се изработувале од камен, а подоцна и од керамика, сè поубави и потврди како што се развивала цивилизацијата, а потоа и од стакло, додека во римската литература пронајдени се записи од поетот Овидиј каде забележува дека децата користеле лешници како замена за џамлии.

Децата ја играле оваа ира и во Месопотамија, па и во античкиот Египет. Во Европа, првпат германските дувачи на стакло започнале индустиски да ги произведуваат во 19 век.


Масовното производство на керамички џамлии во САД најверојатно почнало во 1884 година во фабриката на извесен Сем Дјук од Акрон во Охајо, каде почнале да произведуваат милиони керамички џамлии на ден. Во 1903 година, повторно во истиот град, во фабриката на Фредерик Кристенсен почнало масовното производство на стаклени џамлии, па така Акрон станал светски центар за производство на џамлии. Од 1932 година една група ентузијасти почнале со организирање натпревар што го нарекле британско и светско првенство во џамлии. Прва победничка била младата Елен Гири од Лондон.

Што се однесува до начинот на играње со џамлии ширум светот, на различни континенти и во различни земји, постојат повеќе или помалку различни игри.

Во меѓувреме, џамлиите се развиле во вистинска уметност. Денес постојат керамички, неколку видови стаклени, дрвени, направени од ахат, метални, па и изработени од полублагородни камења. Димензиите се движат од еден до осум сантиметри во пречник и кога се користат за играње, додека кај уметничките, величините достигнуваат и до 30 сантиметри.

Последниот чекор во развојот на џамлиите е одбележан со појавата на популарните видеоигри на оваа тема: Marble Madness (1984), Oxyd (1991), Marble Drop (1997), Marble Blast Gold (2003), Marble Blast Ultra (2006) Enigma и Switchball (2007).

Во С. Македонија за жал, џамлиите се забранети од 2013 година, бидејќи се оценети како опасни за малите деца, поради нивната големина. Во тоа време Ѕвездан Георгиевски го напиша текстот „Џамлии“ во кој го изложува значењето на оваа култна игра.

Извор: Факултети

Сродни текстови
Детската игра е сложен и сериозен изум
Детската песничка „Ринге ринге раја“ има ужасно значење

ОкоБоли главаВицФото