Угостителските објекти еден дел од просторот ќе го издвојуваат за антиваксери

26.01.2021 20:14
Угостителските објекти еден дел од просторот ќе го издвојуваат за антиваксери

  Угостителските објекти отсега ќе мораат еден дел од својот простор да го издвојат за луѓе кои одбиваат да се вакцинираат.

Владата се одлучи на оваа ригорозна мерка со цел да го забави ширењето на корона вирусот но и да овозможи на сите непречено да ги посетуваат своите омилени кафулиња и ресторани.

-Идејата е луѓето кои не сакаат да се вакцинираат да не доаѓаат во контакт со остатокот од населението кое ќе се вакцинира. Така сите ќе бидат задоволни и што е најважно, ќе можат нормално да седат во кафулиња во друштво какво што им одговара. – вели Филипче. - Ваксерите ќе се чувствуваат безбедно бидејќи антиваксерите не ги загрозуваат. Од друга страна, пак, антивасерите ќе се чувствуваат опуштено бидејќи ваксерите не ги загрозуваат и не ги замараат, а на себе преземаат прифатлив ризик сите до еден да цркнат и притоа да го оптеретат здравствениот систем на земјата – појаснува тој.

Конфликтот помеѓу овие две групи луѓе, ваксерите и антиваксерите, трае веќе некое време и се заканува да ги забави реформите во земјата поради проблемите кои настануваат во угостителскиот сектор, кој е главниот носител на економијата на земјата.

Експертите се сложуваат дека ова е најдоброто решение кое го овозможува правото на кафуле и на едните и на другите.

-Доколку вие, од која било причина, не сакате да се вакцинирате, тоа е ваше право, бидејќи секој одлучува за своето тело и за тоа дали сака да пренесе болест на другите. Како што пушачите не го загрозуваат никој друг освен себе и луѓето во својата непосредна околина, така ниту антиваксерите не би требало да бидат дискриминирани.

Како што неофицијално дознаваме, мерката ќе стапи на сила во најкраток рок, а на влезот од кафулето или ресторанот ќе морате да покажете сертификат дека сте вакцинирани и да го покажете рамото со траг од вакцина. Потоа келнерот во скафандер ќе ве упати кон вашиот дел од локалот.

За ваксерите ќе биде одвоена една третина од објектот, бидејќи според сегашните проценки и интересирање, се претпоставува дека ќе се вакцинира сѐ на сѐ околу 30% од населението.

Од Владата истакнуваат дека ова е најдобро решение, бидејќи на овој начин нема да ги загубат ниту ваксерите ниту антиваксерите како гласачи.

Извор: Njuz

ОкоБоли главаВицФото