Мајчина душичка

26.01.2021 21:51

упатство за чај

Се пие вудве или насамо
но не претерано често
се зоврива, по правило покриен
во земјени, бронзени или керамички
садови, дома
во таа топла и задимена чајџилница
на прекипнувањето:
преку, отаде, и пред тоа, и потоа;
потпивнувај, загревај се
додека е жежок
додека си желна
шкркај, шмукај (наши сме)
напари се
задржи го колку што можеш подолго
в уста, шлапкај со јазикот
мирисливоста, сладоста
и краснописот на длапката
да ги сетиш;
дотурај пополека, измешај го со лажичката
желба за чај - жалба за младост
секоја планина - своја падина
потсркнувај
чај - Бах
чај - Жар
чајни печива
мед и путер;
чајот не се пие однога
пиј кроце, голтка по голтка
г'тка по г'тка
меѓу редови.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото