Кој сум?

29.01.2021 12:21

Сите имиња
одненадеж
ми го свртеа грбот.

Ме напуштија
добри
зборливи
и умни.

И сега со зборот пресечен в грло,
со малку надеж
во голиот човечки глас,
длабоко во себе викам,
се наслушнувам,
но не се слушам,
со својот
нем
крик
како заџидарен камен,
што на љубопитноста детска
и стравот
им го мери долгиот пад
во нечујната бездна,
безимен во себе
паѓам.

Кој сум?

 

Превод: Матеја Матевски

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото